Фудбалерите на Баерн Минхен со пресврт го совладаа тимот на Аугзбург (3-2) и освоија значајни три бодови во битката за титулата со Борусија Дортмунд во Бундес лигата.

Мечот за „баварците“ започна многу лошо, откако Горецка уште во првата минута сам си ја затресе сопствената мрежа. Гостите од Минхен брзо се консолидираа и во 17-та минута преку Коман изедначија. Шест минути подоцна домаќините ја вратија предноста со погодокот на Џин донг Вон. Коман со вториот погодок на мечот повторно ги изедначи бројките на семафорот. Баерн Минхен во 53-та минута со голот на Давид Алаба поведе со 3-2 и до крај го задржа резултатот за победа.

Добра вест покрај победата е враќањеto на голманот Мануел Нојер во составот пред дуелот со Ливерпул во Лигата на Шампиони. „Баварците“ во првиот меч од 1/8 финалето гостуваат на Енфилд.

OhridNews