12.40 Новак Ѓоковиќ ја продолжи доминацијата на Australija open откако во финалето на првиот Грен слем турнир годинава во Мелбурн го совлада британецот Енди Мареј со 3:0, по сетови 5:1, 7:5 и 7:6 (7:3), по 2 часа и 53 минути игра. Ова е шеста титула во Австралија за најдобриот тенисер во светот, петта во низа со што Ѓоковиќ го израмни рекордот на Рој Емерсон. За Енди Мареј ова беше петто финале во Мелбурн, но и петти пораз. 

Воедно за Ѓоковиќ ова е 11 грен слем титула во кариерата со што српскиот тенисер се искачи на петтото место на вечната листа. Исто толку имаат Бјорн Борг и Род Лејвер, пред нив се Рој Емерсон – 12, Рафаел Надал и Пит Сампрас – 14 и Роџер Федерер – 17.

Енди Мареј по мечот упати честитки до Ѓоковиќ за извонредната игра и освоената титула и се заблагодари на подршката на својот тим и симпатизерите.Специјален поздрав тој испрати до сопругата Ким која деновиве треба да го роди нивното прво дете.

Победникот на Грен слем турнирот во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ, се заблагодари на противникот, фановите, на неговиот тим и на организаторот на турнирот на кој тој има скор во финалето 6:6. Тој рече дека е почестен што неговото име се спомнува заедно со легендите од светот на тенисот како Род Лејвер кој го следеше финалето и Рој Емерсон, чиј рекорд го израмни Ѓоковиќ.

12.06. Енди Мареј успеа да освои гејм на сервис на Ѓоковиќ и го израмни резултатот на 3:3 во третиот сет од финалето на Australian open во кое српскиот тенисер има предност од 2:0.

11.58. Во третиот сет од финалето на грен слем турнирот во Мелбурн, Австралија, Новак Ѓоковиќ продолжи со константна игра, успевајќи уште на стартот на направи брејк, кој му ги отвори вратите кон нова титула. Србинот има предност од 3:2 и сервира.

11.34 Новак Ѓоковиќ по голема борба која траеше 80 минути со 7:5 го доби вториот сет од финалето на Australian open во Мелбурн против Енди Мареј. Откако загубија по еден гејм на свој сервис, одлучувачки беше единаесеттиот гејм кој на сервис на Мареј го доби Ѓоковиќ, по што успеа да го задржи налетот на противникот и да спаси брејк топка во следниот по што поведе со 2:0.

11.04 Мареј не се предава. Веднаш откако загуби гејм на свој сервис возврати со рибрејк и го израмни резултатот во вториот сет на 4:4.

10.59 Ѓоковиќ направи брејк во седмиот гејм од вториот сет и поведе со 4:3 во финалето на Australioan opan во Мелбурн

10.43 Откако Ѓоковиќ убедливо го доби првиот сет во финалето на Auatralian open, во вториот сет следиме израмнета борба. Мареј има предност во вториот сет од 3:2. Србинот беше блиску до брејк во вториот гејм од сетот но по десетминутна борба Мареј успеа да го спаси. 

10.10 Рекетот број еден во светот, Србинот Новак Ѓоковиќ одлично го отвори финалето на австралискиот Грен слем во Мелбурн, поведувајќи по само половина час игра против второпласираниот на АТП листата Енди Мареј од Велика Британија со 1:0 (5:1).

Во првиот гејм на сервис на Ѓоковоќ Мареј имаше брејк шанса која не ја искористи, на што Новак одговори со два брејка во низа и со сигурен сервис го доведе до крај првиот сет.

OhridNews