Кошаркарскиот клуб АВ Охрид во 1/4 финалето од Купот на Македонија силите ќе ги одмери со тимот на Блокотехна. Куп завршницата во македонска кошарка втора година по ред ќе се игра во Кавадарци, а спортската сала „Јасмин“ домаќин ќе биде од 16 до 18 февруари.

Во игра беше и градот Охрид кој пред неколку сезони беше домаќин на најдобрите клубови од нашата земја. Охриѓани минатата сезона прв пат учествуваа во завршницата од Купот на Македонија во кој претрпеа пораз од Фени Индустри во 1/4 финалето.

Двојки:

Машка конкуренција:

Работнички – Карпош Соколи

Блокотехна – АВ Охрид

МЗТ Скопје – Фени Индустри

Куманово – Гостивар

Женска конкуренција:

Бадел 1862 – Струга 2009

Вардар – Пелистер

OhridNews