Авантуристичкиот клуб „Mountain Madness“ по трет пат организира незаборавен викенд со планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање.
Авантурата започнува во сабота на 18 јуни, сабота, со велосипедска тура и логорување во месноста Корита. Главниот настан, искачување до врвот Магаро ке биде на 19 јуни, недела, од 08 часот.

За време на акцијата за сите учесници влезот во Н.П Галичица ке биде слободен. Обезбеден е автобуски превоз од Охрид до стартот и назад по симболична цена од 300 ден во двата правци. Тргнување во 7 часот пред салата Билјанини Извори. Секој учесник треба да поседува планинарска опрема, храна од ранец и 1,5 литар вода. Секој учесник оди на своја одговорност. – посочуваат организаторите на настанот.
OhridNews











