Општина Охрид објви јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови. Јавниот повик ќе трае од 26.03.2019 год. до 26.04.2019 година, односно 32 дена.

Секое заинтересирано правно и физичко лице во тек на јавниот повик може да достави иницијатива за изработка и донесување на урбанистички планови и тоа: детален урбанистички план (ДУП), урбанистички план за село (УП за село) и урбанистички план вон населено место (УПВНМ).

Предмет на иницијативата може да биде донесување на нов или изменување и дополнување на постоечки: ДУП, УП за село и УПВНМ. Иницијативите можат да бидат доставени во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма преку архивата на општина Охрид во определениот рок.

За доставените иницијативи подносителите ќе бидат известени во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Иницијативите кои ќе бидат доставени по истекување на рокот за достава, ќе се разгледуваат по распишување на следниот Јавен повик.

Подносителите на прифатените иницијативи, правни или физички лица,  во целост ќе ги сносат сите трошоци за изготвување на урбанистичките планови.

OhridNews