Објавен Јавен повик за субвенционирање на новорегистрирани занаетчии (категорија 1) на подрачјето на Општина Охрид за 2022 година.
Се обезбедува дирекна еднократна парична помош за регистрирање на дејност занаетчија, со цел зачувување на занаетите од изумирање, согласно Регионалната занаетчиска комора Охрид. Висината на субвенциите за оваа категорија е максимални 12 000 денари (бруто износ). Право на учество имаат физички лица кои досега не добиле буџетски средства за отворање на сопствен бизнис за субвенционирање од други извори, како и физички лица кои за првпат се регистрираат согласно Законот за вршење занаетчиска дејност без ограничување на занаетчиската дејност која ја вршат, се наведува во Јавниот повик.
Повикот е согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на Општина Охрид за 2022 година и Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Охрид за субвенционирање на новорегистрирани занаетчии (Категорија 1) на подрачјето на Општина Охрид.
Деталите за начините и услови за палицирање се објавените на веб страната на Општина Охрид.
OhridNews












