Согласно Прирачникот за начинот на водење на постапката за донесување и изготвување на општ акт за село кое нема урбанистички план бр.24-395/1 од јануари 2019 година, Општиот акт за село Елшани и Предлог-Одлуката се објавени на веб страната на единицата на локалната самоуправа заради овозможување на јавен увид во времетраење од 18 работни дена.

Јавниот увид може да се изврши од денес заклучно со 29.03.2019 год. Во овој рок засегнатите граѓани можат да достават предлози, сугестии или приговори, по кој одлучува комисијата која ја изработува Предлог-одлуката.

OhridNews