Општина Охрид организира јавен увид и јавна расправа по нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина на локален еколошки акционен план 2019-2025.
Нацрт извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Одделението за заштита и влијание врз животната средина во Општина Охрид секој работен ден од 7.30 – 15.30 часот почнувајќи од 05.03.2020 год. до 05.04.2020 год.
Јавната расправа ќе се одржи на ден 27.03.2020год.во малата сала на Општина Охрид,со почеток во 12 часот.
Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација. Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење,забелешки и предлози по Нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина истите можете да ги испраќате на е_маил : urbanizam@Ohrid gov.mk , или по пошта на следната адреса Општина Охрид , ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.
Заинтересираните граѓани нацрт извештајот може да го најдат на општинската интернет страна.
OhridNews












