Пилотот и боливиската авиокомпанија „ЛаМиа“ се виновни за авионската несреќа која се случи на 28.ноември во близина на Меделин, во која загина 71 лице, вклучувајќи 18 фудбалери на бразилскиот клуб Шапекоенсе, потврди истрагата. Извештајот на истражителите го објави владата на Боливија, а министерот во владата Милтон Карлос рекол: „Доказите се јасни. Одговорноста за несреќата е кај авио компанијата и пилотот“.
Уште на почетокто на истрагата беше јасно дека една од причините за трагедијата е таа што компанијата не ги почитувала прописите за минимална количина на гориво, поради што авионот се урна на 60 километри од аеродромот во Меделин. Поради тоа на почетокот на истрагата е уапсен директорот на компанијата Густаво Варгас Гамбоа и неговиот син Густаво Варгас Виљегас, додека Селија Кастеде, кој го одобрил летот е недостапен за полицијата бидејќи побегнал од Боливија.
Компанијата „ЛаМиа“ на членовите на семејствата на загинатите ќе им исплати обештетување од 165.000 долари.
OhridNews
извор Макфакс