Авион на компанијата „Визер“ кој се обраќал на релација Дортмунд – Охрид, принудно слетал на аеродромот во Венеција, објави „Flightradar24“, портал кој во реално време го прикажува воздушниот сообраќај во целиот свет.
Непосредно по оваа информација што ја пренесе агенцијата „Танјуг“, авионската компанија со кратко соопштение на „Твитер“ објави дека авионот успешно слетал.
Според првичните информации, авионот на „Визер“ што летал кон Охрид слетал во Венеција заради итна медицинска помош на патник. Оваа информација, како што пренесува порталот 360, ја потврдил портпаролот на аеродромот во Венеција.
Г.М.
Фото: Архива