Рано изутринава авион кој летал на релација Прага – Скопје, а во кој се наоѓал и министерот за надворешни работи Никола Попоски принудно слетал на аеродромот „Александар Велики“.

Откако авионот на чешката компанија ЦСА Боинг 737-700 над скопскиот аеродром кружел околу 40 минути, капетанот соопштил дека авионот има мал технички проблем, односно дека еден од деловите на крилата кои служат за кочење не работи, па ќе мора принудно да слета, пренесуваат медиумите.

Екипажот потоа ги обучил патниците за принудно слетување, односно им било кажано да ги извадат потпетиците, протезите, очилата, да ги раскопчаат кошулите и сите да седнат во фетусна положба со рацете да ја заштитат главата. При слетувањето се појавил чад од гумите, а капетанот го запрел авионот на  крајот од пистата.

Околу пистата биле распоредени противпожарни и возила за брза помош. Сите патници, меѓу кои и известувачот за Македонија во Европарламентот Ричард Ховит и две новинарски екипи безбедно го напуштиле авионот.

OhridNews