Официјални лица од американскиот град Бенингтон издадоа соопштение во кое се вели дека еден авион одеднаш исчезнал од радарот над оваа област. Како што е објавено, неидентификуваниот авион исчезнал точно над планината Балд.

Полициски екипи од Вермонт и Бенингтон го истражуваат случајот, но засега нема официјални информации. Според локалната ТВ-мрежа WTEN, пребарувањето на теренот, поради мракот, се одвива многу тешко. Засега, исто така, не е познато колку патници биле во авионот кој одеднаш исчезнал од радарот, или од кој тип е истиот.

Агенциите известуваат дека сите надлежни служби биле вклучени во потрагата, поради тоа што властите стравуваат дека станува збор за пад на леталото.

OhridNews

Макфакс