Авион со 81 патник се сруши во Колумбија, а во него беше и бразилската екипа Чапекоенсе која патуваше за одигрување на првиот натпревар во финалето од Судамерика против Атлетико Национал.
Авионот кој се сруши во местото Меделин, тргнал од Боливија, а според првите неофицијалните информации има и преживеани и се работи за нивно извлекување.
Првиот меч од финалето на Судамерика кое е слично натпреварување како Лигата на Европа, требаше да се одигра в среда додека реваншот на 7 декември.
Очекувано, финалниот двомеч е одложен, а целиот свет се моли за помин со помалку жртви од несреќата.
OhridNews