Пет патници преживеани и 76 починати е билансот по завршувањето на акцијата за спасување на патниците од авионот кој се сруши во Колумбија, а во него се наоѓаа и фудбалерите на Чапокоенсе кои патуваат на првиот меч од финалето со Атлетик Национал во Копа Судамерика.
Колумбиските полицијаци, пожарникари и други спасувачи извлекое десеттина души од несреќата, но само пет од нив се спасија од најлошото иако се уште се наоѓаат во болница по константен надзор.
Меѓу преживеаните се голманот Џексон Фолман и Алан Рушел, стујардесата Химана Суарез, техничарот во авионот, Ервин Тумири и спортскиот новинар Рафаел Хензел.
Целиот свет, вклучувајќи ги сите влијателни спортски и јавни личности упатија поддршка до клубот и најблиските од починатите.
Пред пет дена го славеа историскиот успех, сега се борат за живот (видео)
Авионска трагедија: Се урна авион во кој беше и финалистот на Судамерика
Шест животи спасени, се трага по другите патници од срушениот авион (видео)
OhridNews