Општина Дебрца организира јавна дебата со цел на граѓаните да им се образложи проектот со кој ќе се спроведе модернизација на јавното осветлување  во Општина Дебрца. Под-проектот е во рамки на проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, со што е предвидена замена на постојните улични светилки во населените места во Дебрца  со нови лед светилки.

Врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца, одржана на ден 31.05.2021 година Општина Дебрца до Министерството за финансии поднесе апликација за добивање на под-заем во рамките на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП) кој е финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка, со цел финансирање на под-проектот за модернизација на јавното осветлување, соопштија од Општина Дебрца.

Поднесената апликација за финансирање  е прифатена, а следниот чекор е одржување на Јавна дебата на која ќе биде образложен аплицираниот под-проект.

Дебатата ќе се одржи  на  27.01. 2022 година (четврток) , во административната зграда на општина Дебрца, во село Белчишта, со почеток во 12.00 часот. На Јавната дебата може да присуствуваат заинтересирани граѓани и претставници на месните заедници, информираат од Општина Дебрца. 

OhridNews