Општина Охрид  организира Јавна презентација и јавна расправа по Нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за Урбанистички план вон населено место, Горица Исток-опфат 1, Oпштина  Охрид. Нацрт извештајот од денес е изложен во Одделението за заштита и влијание врз животната средина при  Општина Охрид и јавноста ќе може да направи увид до 27.10.2021 секој работен ден. Истиот е достапен и во електронска форма на веб страната од Општина Охрид www.ohrid.gov.mk

Јавната презентација и јавната расправа ќе се одржи на ден 19.11.2021 год. во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 12.30 часот. Поканети се сите заинтересирани страни да земат свое учество и да го дадат своето мислење. Задолжително е носење маски и почитување на пропишана дистанца согласно протоколите за заштита од Ковид 19, информираат од Општина Охрид.

Правните и физичките лица и јавноста можат да ги достават своите забелешки и предлози во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација во електронска форма на е-маил адресата: zivotna [email protected], или по пошта на адреса Општина Охрид,  ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид, се вели во објавата од Општина Охрид.

 

OhridNews