Јавната расправа по Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко блато за парк за природата се планира да се одржи на почетокот на месец септември2021г.

Министерството за животна средина и просторно планирање веќе ја започна постапка за донесување на Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк за природата. Додека трае постапката за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природата, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, согласно Законот за заштита на природата, донесе Решение за негова привремена заштита.

Привремената заштита на подрачјето ќе се применува до денот на влегувањето во сила на Законот со кој ќе се прогласи Студенчишко Блато за заштитено подрачје, а кој е во завршна фаза на изработка. Во меѓувреме, Студенчишко Блато е прогласено за водно живалиште од меѓународна важност според Рамсарската Конвенција.

OhridNews