Повеќе годишните напори за Студенчишкото Блато, ќе финишираат со законска рамка. Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Охрид, на 14 септември, организираат јавна расправа, по Нацрт Законот за прогласување на Студенчишкото Блато за парк на природата. Јавната расправа ќе биде организирана on line на ЗООМ платформата на 14.09.2021 (вторник), со почеток од 11:00- 13:30 часот.
Заради транспарентост во постапката и вклучување на локалното население ќе се врши ре-продукција во живо на јавната расправа во Општина Охрид. Локалното население ќе може да ја следи и учествува во јавната расправа преку видео бим кој ќе биде поставен во големата општинска сала во Општина Охрид. На ова локација ќе бидат почитувани Ковид мерките пропишани од Владата на Република Северна Македонија, стои во соопштението од Општина Охрид.
Коментари, мислења и сугестии по Нацрт Законот за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата може да се достават писмено до Министерство за животна средина и просторно планирање на поштенска адреса: Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, 1000 Скопје како и на емаил адреса [email protected], најдоцна 10 дена по одржување на јавната расправа.
Учеството на јавната расправа може да се потврди најдоцна до 13.09.2021г (понеделник) на следната електронска адреса: [email protected]
OhridNews












