Победничката серија на Манчестер Јунајтед под водство на Оле гунар Солскјаер продолжи, откако „црвените ѓаволи“ пред своите гледачи со 2-1 го совладаа Брајтон. Триумф на домашен терен забележа и Ливерпул кој со пресврт го победија Кристал Палас (4-3) и се одлепија седум бодови од Манчестер Сити.

До шестата победа во низа во Премиер лигата инаку седма во сите конкуренции избраниците на Солскјаер стигнаа со головите на Пол Погба и Маркус Рашфорд во првото полувреме. Гостите со погодокот на Паскал Грос ја вратија неизвесноста но не успеаја да ја расипат победничката атмосфера на Олд Трафорд.

Ливерпул и Кристал Палас одиграа неверојатен натпревар на Енфилд кој сигурно ќе влезе во потесниот избор за меч на сезоната. Гостите со минимална позитива (1-0) го завршија првиот дел, но вистинска канонада ги снајде во второто полувреме. Домаќините израмнија на 1-1 и поведоа со 2-1. Кристал Палас изедначи 2-2, Ливерпул на спротивната страна постигна два погодоци за 4-2. Да не биде мирно на Енфлид се погрижија гостите кои со нов погодок се вратија во игра (4-3). Одбраната на домаќините не попушти уште еднаш и лидерот на табелата прокнижи нови три бодови.

Резултати: Вулверхемптон – Лестер 4-3, Бурнмаут – Вест Хем 2-0, Ливерпул – Кристал Палас 4-2, Мен Ју – Брајтон 2-1, Њукасл – Кардиф 3-0, Саутемптон – Евертон 2-1, Ватфорд – Барнли 0-0, Арсенал – Челси (18:30ч).

OhridNews