Австралискиот премиер Скот Морисон денеска изјави дека неговата Влада нема да брза со одобрување на вакцините на Фајзер и Бионтек против коронавирусот, бидејќи сака Австралијците да веруваат во вакцината.
Тој рече дека Австралија е во поинаква позиција од Велика Британија, која ја одобри вакцината и нејзината употреба по итна постапка и од САД, кои се близу до одлуката за употреба на вакцината.

Се очекува вакцината да биде одобрена до крајот на јануари, а почетокот на вакцинацијата до март.
OhridNews











