Австралискиот грен слем турнир ќе добие нов шампион, откако бранител на трофејот Рожер Федерер во осминафиналето изгуби од грчкиот тенисер Стефанос Циципас во четири сетови (7-6, 7-6, 7-5, 7-6), после три часа и 50 минути игра.

Циципас кој е 15-ти носител на АТП листата ја приреди до сега најголемата сензација елиминирајќи еден од најтрофејните тенисери на АО Опен.

20-годишниот тенисер не го поколеба ниту првиот изгубен сет кој му припадна на искусниот Федерер со 7-6. Во исцрпувачка борба младиот тенисер покажа карактер и пред се смиреност одбранувајќи ги сите напади на Федерер.

Резултатот во сетови го изедначи после тај брејк 7-6, а поведе добивајќи го третиот сет со 7-5. Четвртиот сет кој го реши победникот одново се одлучуваше во тај брејк. Циципас подобро се снајде и го елиминираше големиот тениски ас.

Во четвртфиналето Циципас ќе се сретне со шпанецот Баутиста. Осминафиналните мечеви ќе се комплетираат вечерва.

OhridNews