Годинешното издание на австралскиот грен слем турнир во Мелбурн многу веројатно ќе биде последен за британскиот тенисер Енди Мареј. 31-годишниот Мареј најави повлекување од тенисот после неуспехот комплетно да се излечи од повредите кои, за жал, ја одбележаа неговата кариера.

  • Не се чуствувам најдобро. Долго време се борам и не можам да издржам повеќе. Последниве две години константно чувствувам силни болки во колкот кои можам да кажам дека  се неиздржливи. На сите начини се обидов да се опоравам и вратам, но едноставно е невозможно.  – изјави Мареј.

Тој додаде дека кариерата сака да ја заврши на Вимболдон пред своите поддржувачи. – Таа ми е намерата но не знам дали ќе успеам. Болките некој ден се се’ поголеми, некогаш помали но не исчезнуваат. Не можам ниту да тренирам како што сакам и не знам што ќе биде. – рече Мареј.

Мареј професионалната тениска кариера ја започна во 2005 година, а од тогаш до денеска освои 45 титули, помеѓу кои две грен слем на турнирите Вимболдон и УС Опен и две на Олимписките игри во Лондон и Рио де Жанеиро.

OhridNews