Селекцијата на Австралија ремизираше 2-2 со Светскиот првак Германија во пријателскиот натпревар кој го одиграа двете репрезентации.
Австралија ја имаше победата в раце, но „панцирите“ од пораз ги спаси фудбалерот на Интер, Лукас Подолски.
Претходно за „кенгурите“ погодија Џејмс Троиси и Миле Јединак, а за германците стрелаше Марко Ројс.
Македонија в понеделник ќе одигра контролен натпревар со Австралија, но прво „црвено жолтите“ ќе ги одмерат силите со Белорусија во квалификациите за Европското првенство.
Мх.П.