Пред неколку дена австралиската музичка куќа M2MR Records, за светскиот пазар издаде винил со Владимир Четкар на кој се најдоа 4 негови селектирани композиции меѓу кој Ohrid, Don’t Make Me Wait, Heavenly и Ocean оf Love во ремикс издание на прочуениот англиски Диџеј и Продуцент, Доктор Пакер (Dr. Packer).

Винилот е достапен низ сите еминентни музички продавници во светот кои продаваат Винилни изданија како Јuno Records, Phonica Records, Strada Records, Deejay.de и многу други.

Издавањето на винилни изданија на македонски музички артисти од страна на странски музички куќи наменети за светскиот музички пазар е вистински раритет во поновата македонска музичка историја.

Меѓу другото во рецензијата на Juno Records за оваа плоча се спомна следното: “… „Ohrid“ е возвишено ну-диско уживање, исполнето со раскошни гудачки аранжмани.”

Исто така на 5-ти септември, сабота, Владимир Четкар се враќа во Скопје во Public Room каде ќе одржи концерт на зелената тераса. За овој настап онлајн билети по цена од 600 денари може да се набават на Tix.mk. Вратите за овој настан се отвараат во 21:00 а концертот на Владимир Четкар ќе почне во 22:00 часот.

OhridNews