Австралискиот шампион Пеце Наумоски ќе патува на светско првенство
21.05.07 13:16
Неодамна учествуваше на државното првенство во Go-Kan-Rou (дисциплина во карате) во Австралија. Докажа дека знае и умее да ги надмудрува и совладува своите противници. Тоа го прави со задоволство Македонецот Пеце Наумоски. Сега како државен првак на 30-ти мај треба да отпатува во Бермингем, Англија каде ќе ги одмери силите со најквалитетните каратисти од целиот свет, со надеж дека дома ќе се врати со уште еден пехар, односно како светски првак.
Интересно е тоа што многу бизнисмени кога разбраа дека Пеце Наумовски стана државен првак самите го пронашле и не штедејќи, го одврзале ќесето така што сите финансиски средства (околу 4.000 долари) потребни за престојот и патувањето до Англија ги обезбедиле токму тие.
Пеце навистина сака преку овој медиум да им се заблагодари на сите Македонци кои помогнаа да му се оствари желбата да патува таму каде што ќе бидат најдобрите во неговата дисциплина. Пеце ветува дека нема да ги разочара оние што веруваат во него. Неговите квалитети ќе ги докаже на 2 и 3 јуни и дека секојдневните тренинзи од по 3 часа ќе се исплатат. Само да спомнеме дека Пеце се занимава со карате помалку од 18 месеци.
Родителите на Пеце имаат потекло од Свиништа и Опеница, охридско, а сега живеат во Мелбурн, Австралија. Останува да му посакаме се` најдобро на светското првенство. Ќе ја преставува Македонија како каратист и се надеваме дека ќе го видиме вечерта на 10-ти јуни во „Македонскиот центар“ како светски шампион.
Традиционално АК Охрид трчаТ организира детска трка за најмалите, првачињата, на Светскиот ден на физичката активност 10 Мај Сите првачиња на територија на Општина Охрид и Општина Дебрца ќе имаат м...
Шпанската фудбалерка Аитана Бонмати и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се добитници на наградата Лауреус, таканаречените Оскари за најдобра спортистка и спортист во 2023 година Минатата година Бонмат...
Трката за шампионската титула во италијанското фудбалско првенство може да заврши оваа вечер доколку лидерот Интер го совлада Милан во големото миланско дерби – „Derby della Madonnina“ Интер води н...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.