Австриската кошаркарска репрезентација ја совлада Македонија со 68-63 и го освои првото место на европскиот шампионат за мали земји што се играше во Охрид.

Австријките имаа предност во целиот меч, која на моменти изнесуваше и до 13 поени предност. Но нашите девојки усепеваа да се вратат од амбисот но немаа сили да го зададат завршниот удар.

Како по правило, лошо влеговме во мечот и се чини дека таа слаба игра во тој период не чинеше пораз. Австријките максимално ја користеа наша неорганизираност во одбраната и во првиот период успеаа да стигнат до плус 13, 24-11.

Наспроти првиот интервал, во вториот одигравме далеку подобро, се затворија приодите кон нашиот кош, и борбената игра ја сведе разликата на минус еден 40-39.

Паузата беше добредојдена за гостите, кои се консолидираа, а избраничките на Милкова го одигра нашиот најслаб период постигнувајќи само 10 поени. Во пресрет на последниот квартал австријките влегоа со плус 8 , 57-49.

Домаќините на турнирот во последниот период ја добија потребната подршка од публиката и носени од илјадата грла во спортската сала успеаа на 2.34 до крајот да стигнат до изедначување 63-63, само второ на мечот.

Но “црвено-жолтите“ немаа сили да го завртат меќот во своја корист. Ударите на Муса, Раднековиќ, Димовска и Гаврилоска не ја погодија целта. Сигурни во пенал финишот беа “белите“ кои успеаа да обезбедат плус три во последните десет секунди.

Во последните секунди од мечот Димовска упати удар за три кој ќе значеше изедначување но , топката се заврти на обрачот но не влезе што значеше крај на сите надежи за триумф.

Македонија : Удовалиева 6, Тантуровска 2, Секулоска, Гаврилоска 18, Димовска 12, Живковиќ , Раденковиќ 20, Митрашиновиќ 0, Муса 2, Агиќ, Иванова, Решкоска.
М.П.