Фудбалските репрезентации на Шпанија (Група Ц) и Австрија (Група Г) обезбедија пласман на Европското првенство кое наредната година ќе се одржи во Франција.

Шпанците славеа минимално во Скопје над Македонија со голот на Хуан Мата. Словачка и Украина одиграа без голови, со што Словаците за уште еден чекор се доближија до директен пласман на ЕП, а Белорусија го совлада Луксембрг со 2:0. Двата гола за Белорусите ги постигна Гордејчук.

Група Ц : Mакедонија-Шпанија 0:1, Белорусија-Луксембург 2:0, Словачка-Украина 0:0

Табела: Шпанија 21, Словачка 19, Украина 16, Белорусија 7, Луксембург 4, Македонија 3

Англија, која пред три дена го потврди пласманот во Франција, на домашен терен ја победи Швајцарија со 2:0, со головите на Кејн и Руни. Поразот на Швајцарија и ги зголеми шансите на Словенија дека може да стигне до второто место во Е групата, откако со голот на Бериќ ја победи Естонија. Во последниот меч Литванија со голот на Спалвис во 92.минута триумфираше над Сан Марино.

Група Е : Англија-Швајцарија 2:1, Словенија-Естонија 1:0, Литванија-Сан Марино 2:1

Табела: Англија 24, Швајцарија 15, Словенија 12, Естонија 10, Литванија 9, Сан Марино 0

Австрија во Стокхолм го одигра најдобриот меч во досегашниот тек од квалификациите и со 4:1 ја декласира Шведска. Австријците со оваа победа обезбедија пласман на ЕП, додека Шведска со поразот максимално ја закомпликува борбата за второто и третото место. Харник беше двоен стрелц за Австрија, а по еден гол постигнаа Алаба и Јанко.

Русија го искористи поразот на Шведска и со убедливата победа од 7:0 во Лихтенштајн го презеде второто место. Четири гола во победата на Русија постигна Дзјуба.

Црна Гора влезе во конкуренција за третото место, а тоа и го овозможи триумфот од 2:0 во Молдавија. Савиќ и Бечирај ги постигнаа головите за Црногорците.

Група Г : Шведска-Австрија 1:4, Молдавија-Црна Гора 0:2, Лихтенштајн-Русија 0:7

Табела: Австрија 22, Русија 14, Шведска 12, Црна Гора 11, Лихтенштајн 5, Молдавија 2.

„Макфакс“

Ohridnews