Клучните вредности на паркот, управувањето со него, начинот на финансирање и туристичките потенцијали во фокус на средбата на претставници од ЈУНП „Галичица“ со заменик-австрискиот амбасадор Матијас Хуменбергер.
Во текот на дискусијата беа разгледани повеќе можности за поддршка на паркот од страна на Австриската амбасада. Дополнително, беше најавена работилница во месец ноември, каде што ќе учествуваат експерти од различни области од заштитени подрачја во Австрија. На оваа работилница ќе имаат можност за размена на искуства и знаења сите четири национални паркови од Македонија, информираат од ЈУНП „Галичица“.
Посебен акцент, потенцираат, беше ставен и на иницијативата за вмрежување на националните паркови во Македонија и формирање на заедничко тело/ентитет, со цел поефикасно справување со заедничките предизвици.
OhridNews