Австриска вечер на „Охридско лето“ со Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук
16.07.25 09:22
Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува во вечерашниот концерт на Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук во состав Сузан Мерт-Томази на виолина, Андреј Јаблоков на виолина, Елеонора де Пои на виола, Леонардо Сесена на виолончело и Драган Трајковски на контрабас.
Гудачкиот квинтет го сочинуваат виолинистите Сузане Мерт-Томази која е член на оркестарот од 1998 година и често ја остварува функцијата на трет концерт-мајстор на оркестарот и членува во Тиролскиот ансамбл за нова музика, нејзиниот колега од групата втори виолини Андреј Јаблоков од Братислава кој е член на оркестарот од 2012 година. Покрај нив, движечка сила на квинтетот е Драган Трајковски, контрабасист со потекло од Македонија кој е водач на групата контрабаси на ТСОИ повеќе од 15 години, како и двајца нови членови на ТСОИ- водачот на групата виоли Елеонора де Пои и соло виолончелистот Леонардо Сесена. Де Пои има настапувано како оркестарски музичар во театрите во Фиренца, во „Ла Фениче“, како и во оркестарот на Националната академија „Санта Чечилија“, додека пак Сесена бил член на оркестарот на Миланската „Ла Скала“, како и заменик-водач на групата виолончела на Лондонската филхармонија.
Концертот ќе се одржи во црквата Св. Софија со почеток во 21 часот.
Дваесет и четири годишниот Петар Чакарески го извади светиот крст од водите на реката Црн Дрим во Струга Тој беше најсреќен меѓу стотиците верниции кои денеска влегоа во студените речни води во Стр...
Скокот на браќата Лотески во студените езерските води е заштитен знак на одбележувањето на празникот Водици во Охрид Јован и Климе и оваа година ја продолжија традицијата Со одела тие скокнаа во ст...
Охрид достојно го одбележа големиот христијански празник Богојавление – Водици Голем број верници утринава беа дел од богослужбите во црквите, по кои следеше упатување на литиите од трите цркви „Св...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.