Австриската сојузна министерка Клаудија Плаколм во работна посета на ЕВН Македонија
07.10.25 15:27
Во просториите на ЕВН Македонија вчера се одржа работна посета на австриската сојузна министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Плаколм.
Во делегацијата присуствуваа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Северна Македонија, Сања Божиновска, како и Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија во земјава, со претставници од амбасадата.
За време на посетата, гостите имаа можност да се запознаат со достигнувањата на ЕВН Македонија во изминатите години, со посебен акцент на инвестициите, развојот и современите дигитални решенија. Во рамки на турата низ компанијата, посебен интерес предизвика посетата на диспечерскиот центар – централната точка за дигитално управување со дистрибутивната мрежа на национално ниво.
Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер, во својот поздравен говор истакна дека законите и регулативите што се креираат во новоформираното Министерство за енергетика се навистина напредни и во целост усогласени со Европскиот пазар, што ја позиционира Македонија на Европската енергетска мапа и покрај тоа што не е членка на ЕУ.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, нагласи дека ЕВН Македонија може да послужи како пример за тоа како една странска компанија треба да соработува со државните институции, инвестирајќи не само во својата дејност, туку и во општеството.
Австриската министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Плаколм, изрази задоволство од посетата и истакна дека е позитивно изненадена од синергијата меѓу приватниот и јавниот сектор, како и од начинот на кој институциите во земјата создаваат услови за поддршка и просперитет на компаниите, посочувајќи ја соработката меѓу Министерството за енергетика и ЕВН како позитивен пример.
Со поддршка на современи AI алатки за структурирање и продукција на наративната содржина, како и со голема желба и посветеност за зачувување и оживување на културното наследство, Драган Кумев (Kum...
На 05062026 во 01:05 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, на брегот на Охридското Езеро приведоа 75-годишно лице од охридското село Пештани При акци...
Потребни се итни решенија за струшката депонија, која повеќе од две децении претставува сериозен еколошки и здравствен ризик за населението Ова е заклучокот од јавната расправа насловена „Од дива д...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.