Автобус на „Галеб“ кој сообраќал на релација Охрид – Скопје во 15 часот, попладнево околу 16.30 часот  имал незгода во близина на Зајас – кичевско. Имено, пред автобусот на лизгавиот коловоз се испречил камион, а за да го избегне, возачот на aвтобусот реагирал присебно и го спуштил возилото покрај патот.

-Во незгодата нема повредени, а патниците се претоварени во друго возило со кое се упатија кон крајната дестинација, информираат од „Галеб“. Оттаму уште додаваат дека поради лошите временски услови автобусот сеуште не е извлечен од местото на незгодата и засега никој не се одзвал на апелот на компанијата за помош. „Поради лошите временски услови и забраната за товарни возила на Пресека не сме во можност да испратиме сопствено возило да го извлече автобусот“, посочуваат од „Галеб“.

OhridNerws