Како што информираат од АД „Галеб“, градскиот и меѓуградскиот сообраќај во текот на празничните денови ќе се одвива според редовниот возен ред.

Исклучок ќе бидат само  поаѓањата на 1 јануари во раните утрински часови. Поточно, на 1 јануари нема да сообраќа автобусот на линија Охрид- Скопје во 5.30 минути и кон Битола во 8.15 минути.

Градско- приградскиот сообраќај на првиот ден од новата година ќе започне во 7 часот.

OhridNews