Сообраќајна несреќа во близина на Ново Село, возачот се здобил со тешки телесни повреди.

На 21.01.2022 година во 16 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на Ново Село, општина Дебрца, патнички автомобил „киа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 57 годишно лице од Охрид, излетал од патот. Возачот е пренесен во болницата Св.Еразмо во Охрид каде се констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

На местото на настанот извршен е увид.

OhridNews