Автомобил марка „Мерцедес“ ја пробил и оштетил металната ограда на кружениот тек кај Охридска банка. Незгодата се случила ноќеска во 2 часот информираат од СВР Охрид.
Во незгодата нема повредени, а причинета е материјална штета.
На местото на настанот извршен е увид од страна на полицијата. Истрагата треба да ги утврди причините за незгодата, која според првичните информации најверојатно е предизвикана поради неприлагодена брзина.
OhridNews



_1.jpg)
.jpg)









