Синоќа се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило сруши метален електричен столб на крстосницата кај „Охридска банка“.
Како што соопшти СВР Охрид, до незгодата дошло поради неприлагодена брзина на возилото кое се движело во правец од езерото кон „Охридска банка“. Истото изгубило контрола и удрило во електричниот столб.
За среќа во незгодата е предизвикана само материјална штета.