
Додека возел тој забележал чад од предниот дел на возилото, по што возачот и патниците излегле надвор од него. Возилото потоа било зафатено со пламен, а интервенирала и противпожарната единица од Струга. На местото на настанот извршен е увид.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, пак, поднесе кривична пријава против 45-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Во текот на 2018 и 2019 година во село Калишта, струшко, пријавениот како сопственик и инвеститор, изградил објект без одобрение за градба, информира МВР.
OhridNews











