Околу 17 часот и 10 минути на Булеварот „Туристичка“ пред зградата Печираје автомобил марка Хонда удрил две лица кои биле во близина на пешачкиот премин, информира за OhridNews, портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Двете лица биле пренесени во Општата болница Охрид, а едното било задржано на опсервација, но според извештајот не било тешко повредено.
СВР Охрид направи увид на лице место и против возачот на автомобилот ќе поднесе соодтвена кривична пријава.
OhridNews












