Сообраќајна незгода се случила вечерва околу 19.40 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај селото Требеништа. Според очевидци патничко возило од засега непознати причини удрило во трактор, кој потоа, неофицијално, го напуштил местото на несреќата.
Како што може да да се забележи од фотографијата, патничкото возило има сериозни оштетувања, а за среќа, исто така неофицијално возачот на автомобилот минал неповреден.
Се очекува во текот на утрешниот ден СВР Охрид официјално да се произнесе за немилион настан.
OhridNews