Автомобил заврши во металната ограда кај Охридска банка во незгодата што се случила синоќа околу 22.30 часот. Подоцна на социјалните мрежи се појави фотографија од незгодата.

-Возило марка „Мерцедес“ во кое бил само возачот се излизгало и удрило во заштитната ограда, а потоа и во електрична канделабра. Нема повредени, а предизвикана е материјална штета. На местото на настанот извршен е увид. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

 Утрово се вршеше поправка на оштетената ограда и канделабрата кај Охридска банка.

OhridNews