Здружението на превозници „Сонце и Галеби“ бара од надлежните институции рамноправно, транспарентно и неселективно спроведување на тендерите за вршење јавен превоз на територија на општина Охрид. Оттаму предупредуваат дека повеќе нема да толерираат реализација на тендери без претходна консултација со здружението и под однапред утврдени услови кои, како што стои во соопштението, „фаворизираат одредени превозници“. 

– Доколку не биде спроведена постапката транспарентно, односно доколку се објават тендери на кои однапред се договорени услови за вршење на превоз со фаворизирање на определени превозници ќе бидеме приморани да превземеме мерки за заштита на интересите на сите превозници. Во таа насока ќе се обратиме до медиумите, инспекциските служби, управата за јавни приходи, министерствата за транспорт и министретвсото за образование, како и дека јавно ќе го манифестираме нашето незадоволство со блокирање на патишта и повик на населението да ни даде подршка во исправање на селективната политика- стои во реакцијата на здружението „Сонце и Галеби“.   

Од здружението информираат дека целта на реакцијата е да се обезбеди порамноправен пристап на сите превозници на пазарот, како и надминување на досегашните проблеми.

OhridNews