Најдобриот играч на Челси минатата сезона Еден Азард кога „сините“ ја освоија титулата во Премиер лигата презеде дел од вината за слабите резултати сезонава под водство на Жозе Мурињо што резултираше со отказ за Португалецот.


На менаџерската клупа „специјалниот“ го наследи холандскиот стручњак Гус Хидинк кој успеа да воспостави некаков баланс во екипата.

– Му пратив порака со извинување во која исто така му напишав дека ми е жал за неговото заминување. Многу ми беше криво бидејќи заедно уживавме во успесите минатата сезона. Се чувствувам и јас виновен за неговиот отказ бидејќи минатата сезона бев најдобар играч, а оваа сум далеку од тие настапи. Исто така му напишав дека му посакувам многу среќа во иднина. – рече Азард.

Белгиецот и португалскиот стратег можеби следната сезона ќе имаат меѓусебна пресметка ако „специјалниот“ се договори за презамање на Манчестер Јунајтед. 

Ohridnews