Репрезентативецот на Белгија, Еден Азард имаше учинок за заборав за Челси во двомечот со Пари Сент Жермен во осмифиналето од Лигата на Шампиони кој „сините“ го загубија со вкупни (4-2).
Азард на двомечот со французите не беше ниту блиску до погодок или асистенција, а бесот од навивачите го навлече по разменувањето на дресот со Анхел ди Марија на полувремето на Стемфорд Бриџ.
– Навивачите со исвиркувањето на Азард покажаа дека препознаваат што е добро, а што не е. Иако секогаш стојам зад фудбалерите овој пат неможам да му помогнам бидејќи се работи за потег кој не е поврзан со играњето фудбал. На крајот од мечот да се размени дресот е одлично, но среде натпревар според мене тоа не е дозволиво. – рече менаџерот Гус Хидинк.
Остри критики до белгискиот репрезентативец упати Рој Кин кој беше специјален гостин на англиската „БТ“ телевизија.
OhridNews











