Првата виолина на Челси од минатата сезона Еден Азард најверојатно ќе го напушти клубот во летниот преоден рок, а „сините“ веќе го пикираа Ентони Гризман за негова замена.
Интерес за белгискиот репрезентативец покажуваат Реал Мадрид и Пари Сент Жермен, а „сините“ ќе го остават тој да одлучи за неговата иднина.
Финансиските средства од трансферот на Азард клубот од Стемфорд Бриџ ќе ги искористи за доведување на фудбалерот од Атлетико Мадрид.
Цената на трансферот пазарот на Азард достигнува 45 милиони евра, а пак Гризман моментално вреди 60 милиони евра.
Челси од зимскиот преоден рок почна со реконструкција на екипата откако го доведе Бразилецот Пато, а го ослободи Рамирес.
OhridNews












