Пред 50 000 гледачи на легендарниот стадион „Сантијаго Бернабеу“, Реал Мадрид го презентираше  Еден Азард кој е најзвучно засилување за „кралевите“ во летниот преоден рок. Белгиецот во Мадрид се пресели од Челси за трансфер вреден 110 милиони евра.

Голема беше радоста кај симпатизерите на Реал Мадрид кога Азар се појави на стадионот. Тој немаше бројка на дресот а изведе неколку трикови и дополнително ги „запали“ страстите во Мадрид.

Имам голема желба да започнам да играм во овој дрес и да освојувам многу трофеи со Реал Мадрид. Исполнет ми е сонот од детските денови и сакам само да уживам во мојот престој во Мадрид. – изјави Азард.

Репрезентативецот на Белгија треба да биде новиот лидер на екипата која имаше сезона за заборав. Реал Мадрид во летниот преоден рок доведе уште пет фудбалери и потроши неверојатно 350 милиони евра.

OhridNews