Репрезентацијата на Италија ќе има нов лик и предводник на Европското првенство во Францијата откако селекторот Антонио Конте го изостави Андреа Пирло од списокот.


Помалку, оваа одлука е очекувана бидејќи Пирло замина во америчката МЛС лига каде квалитетот на фудбалот е далеку од европскиот од каде доаѓаат сите репрезентативци.

На поширокиот список го нема и Себастијан Џовинко кој исто така се натпреварува преку барата односно во тимот на Торонто.

Првично, на списокот ги нема ниту фудбалерите на Јувентус и Милан кои се подготвуваат за финалето во Купот на Италија.

Конте до 31 мај ќе има време да размисли и процени кои 23-та „азури“ ќе ги одведе во Франција.

OhridNews