Роберто Манчини постигнал договор со челниците од Фудбалската асоцијација на Италија и официјално ќе биде промовиран во селектор по завршувањето на сезоната, објавија италијански медиуми. Според нив, сегашниот тренер на Зенит ќе ги предводи „азурите“ во следните две години.
Тоа е епилогот на преговорите во Рим помеѓу Манчини и потпретседателот на Италијанската фудбалска асоцијација, Алесандро Костакурта и менаџерот на репрезентацијата Габриеле Оријали. Манчини се согласил на двегодишен договор со плата од четири милиони евра по сезона.
Италијанската репрезентација е без шеф од завршувањето на квалификациите за Светското првенство кога останаа без пласман на Мундијалот. „Азурите“ како в.д селектор ги предводи Лујџи ди Бјаџо.
OhridNews