Фудбалерите на Наполи потешко од очекувањата ја совладаа Чезена со 3-2 пред своите гледачи во последниот дуел од 36-та рунда во Серија А.


Гостите отворија со погодок, а на тоа домаќините возвратија со два. Чезена се врати во игра, но „азурите“ со уште еден погодок ги обезбедија бодовите.


Со овој триумф Наполи (63 бодови) остана во игра за третата позиција која води во Лигата на Шампиони, а во трка е со Лацио (66 бодови) и Рома (67 бодови).

До крајот на шампионатот Наполи гостува во Торино против Јувентус и дома го пречекува Лацио додека во 37-та рунда на програмата е градското дерби во Рим.

Мх.П.