Тимот на Наполи брзо ги залечи раните од поразот од Емполи и со 3-0 пред своите гледачи го совлада составот на Милан во 34-та рунда од „Калчо лигата“.
Трите погодоци домаќините ги постигнаа од 71-та до 77-та минута, а стрелци беа Марек Хамшик, Гонзало Игуаин и Маноло Габиадини.
„Росонерите“ речиси целиот натпревар го одигра со фудбалер помалку откако во 3-та минута директен црвен картон доби Де Шиљо.
Резултати : Рома – Џенова 2-0, Аталанта – Лацио 1-1, Фиорентина – Чезена 3-1, Верона – Удинезе 0-1, Интер – Киево 0-0, Наполи – Милан 3-0.
Мх.П.