Берта Де Бот од околината на Брисел во Белгија наполнила 90 години, а за подарок од роднините добила 90 гајби пиво. Би се рекло прилично необичен подарок за една дама во години, но Берта не била баба како сите други. Не се знае дали во пивото лежи тајната за нејзината долговечност, или старицата е исклучителен случај на отпорност на алкохолот. Како и да е, таа во изјава за медиумите рекла дека секој ден пие по петнаесеттина пива.


Пивото го открила на 17 години, кога во една прилика била сама дома. Понесена од неговиот вкус, продолжила да го пие во следните седум децении во ритам од 16 дневно. Себеси не се сметала за алкохоличарка. Никогаш не пиела наутро, а без проблем можела да апстинира. Нејзината навика предизвикувала загриженост кај нејзиното семејство и чудење кај лекарот кој никако не ги советувал пациентите да се огледаат на неа. Тој напоменал дека алкохолот го намалува животниот век и го нарушува здравјето.