Репрезентацијата на Хрватска по голема борба ја совлада Шпанија (30-29) во четвртфиналето и обезбеди пласман меѓу најдобрите четири на Светското првенство во Франција.
Противник на „коцкастите“ за влез во финалето ќе биде Норвешка која прво во 1/8 финалето ја совлада Македонија, а во 1/4 финалето славеше против Унгарија.
– Големи проблеми имаме со повредени играчи, но на мечот со Шпанија победи Хрватска, со срцето и љубовта кон државата. Сакам да му заблагодарам на Господ кој секогаш е тука со нас во вакви да се биде или не натпревари. Сакам да се среќни луѓето во Хрватска, бидејќи сите се молат за нас, затоа оваа победа му ја посветувам на народот. – изјави Жељко Бабиќ.
Полуфиналните натпревари се играат на 26 односно 27 јануари, додека големото финале во Париз ќе се одржи на 29 јануари.
OhridNews